Дали сте имале потреба од солидна проверка на англискиот јазик на вашите кандидати за вработување?
Дали сте биле во ситуација кога фактичката јазична состојба на кандидатот не одговарала на резултатите од извршеното тестирање?
Дали сте се запрашале дали постојат меѓународни јазични стандарди кои би ги користеле и вие за побрзо и попрецизно оценување на јазичната потреба?
Ако сте биле во некоја од горенаведените ситуации, оваа статија ќе ви помогне поефикасно да го искористите вашето време и ресурси при проценка на англискиот на кандидати за вработување и за напредок во кариерата, и со тоа да имате ефикасен и ефективен сервис за тестирање.



