Интеграцијата на лицата со хендикеп во сите сфери на општеството отсекогаш претставувало голем предизвик. Во изминатиот период многу ретко се зборувaше за нивните права и потреби, но во последно време тие сè поотворено почнаа да зборуваат за проблемите со кои се соочуваат при вработувањето, како и за дискриминаторскиот однос кон нив на пазарот на трудот. Сè што бараат тие е еднаков третман при вработување и можност да го остварат основното човеково право на работа и можност за остварување на заработка за живот. Според индикатори на СЗО, приближно 10-15% од светската популација се лица со некаква форма на хендикеп односно приближно 650 милиони лица, a околу 70% од нив се работоспособни. Тие се всушност најбројното малцинство во светот и затоа е важно да се запрашаме што е покорисно - да ги изолираме или да ги интегрираме?
Прочитај повеќе...