Годишен одмор согласно закон за работни односи
Среда, 04 Август 2010 11:24
Во Законот за работни односи на Р.Македонија објавен во Сл. весник на РМ на ден 05.02.2010 година, стои дека работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена. Годишниот одмор со колективен договор или договор за вработување може да се продолжи до 26 работни дена. Повозрасен работник согласно чл. 179 од Законот за работни односи, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток имаправо на уште три работни дена годишен одмор. Работодавачот е должен на работникот да му издаде решение за правото на користење на годишен одмор. Прочитај повеќе...
Последно освежено ( Среда, 04 Август 2010 11:37 )
|
Работно време
Понеделник, 12 Јули 2010 12:20
Согласно Законот за работни односи кој е во правна сила во Р. Македонија полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно. Работната недела по правило трае пет работни дена. Со закон, со колективен договор може да се одреди како полно работно време, работното време кое е пократко од 40 часа неделно, меѓутоа не помалку од 36 часа неделно. Со закон и со други прописи во согласност со закон, или со колективен договор може да се определи за работните места за кои постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, полното работно време да трае помалку од 36 часа неделно. Прочитај повеќе...
Последно освежено ( Понеделник, 12 Јули 2010 12:25 )
ЗАКОН ЗА ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ
 Законот за Државен пазарен инспекторат е објавен во Службен весник на Р. Македонија бр.24 од 01.03.2007 година и со неговото донесување престана да важи Законот за Државната инспекција (Сл.весник на РМ бр.35/97, 23/99, 7/2002, и 20/2002 ). Со овој закон се уредуваат начелата, надлежноста, организацијата на пазарната инспекција и постапките на инспекциски надзор. Прочитај повеќе...
Последно освежено ( Среда, 12 Мај 2010 16:34 )
|
Меѓународни стандарди на трудот
Ратификувани конвенции од Р. Македонија, Конвенција за дискриминација (вработување и професија)Република Македонија е членка на Меѓународната организација на трудот и има ратификувано 69 конвенции кои претставуваат значајни стандарди на трудот. Ратификуваните конвенции се дел од внатрешниот правен поредок на Република Македонија и затоа запознавањето со нивната содржина е од големо значење. Прочитај повеќе...
Последно освежено ( Среда, 12 Мај 2010 16:37 )
Статистики и податоци за работните односи
Петок, 12 Март 2010 15:22
Државниот инспекторат за труд во јануари 2010 гoдина затвори 20 фирми поради непријавени работници Државниот инспекторат за труд во јануари 2010 година изврши вкупно 3276 инспекциски надзори од областа на работните односи и од областа на безбедноста и здравјето при работа. Државните инспектори од областа на работните односи во јануари, извршија вкупно 2281 инспекциски надзори од коишто 2023 редовни, 73 контролни и 185 надзори по писмено барање од странки. При тоа, затекнати се вкупно 60 непријавени работници. Прочитај повеќе...
Последно освежено ( Среда, 17 Март 2010 11:23 )
|
|
|
|
|
|
|
Страница 1 од 6 |