Global HR™ - Прв македонски HR магазин кој е дел од EBSCO базата на податоци
GlobalHR™ е првото професионално и специјализирано издание за информации, образование, поделба на искуства и претставувања во областа на управување и развој на човекови ресурси во Република Македонија. Магазинот Global HR™, чиј издавач е ЦС Глобал, произлезе од потребата да се соберат и споделат информациите, знаењата и искуствата во областа на човековите ресурси и истите да бидат достапни на сите професионалци кои во текот на своето работење го имаат човекот како најзначаен и незаменлив ресурс.
Последно освежено ( Понеделник, 16 Август 2010 14:19 )
Причината поради која GlobalHR™ стана дел од EBSCO базата на податоци е потребата за публикување на стручни трудови и статии од областа на управување и развој на човекови ресурси. GlobalHR™ е отворен за сите професори, асистенти, студенти кои сакаат да публикуваат трудови, апстракти или статии кои ќе бидат читани од професионалци во Македонија, но и ќе бидат дел од светската референтна банка на податоци – EBSCO. EBSCO Publishing е првата и најголема база на податоци, која нуди пакет од речиси 300 текстуални и секундарни истражувачки бази на податоци. Преку библиотеката која содржи десетици илјади текстуални списанија, магазини, книги, монографии, извештаи и разни други видови на објавувања од реномирани издавачки куќи, EBSCO служи за потребите на сите истражувачи (академски, медицински, образовни, јавни библиотеки, корпоративни потреби, Владаи, итн). Основана во 1944 година, EBSCO е водечки светски информациски агент за обезбедување на советодавни услуги и најсовремената технологија за управување и пристап до квалитетни содржини, вклучувајќи ги и печатените и е-списанијата, е-пакетите, истражувачките бази на податоци, е-книгите и многу повеќе. Сега, повеќе од кога било, библиотеките и истражувачките организации се во потрага по нови поефикасни начини за управување со своите колекции. GlobalHR™ излегува во Македонија на македонски јазик од март 2009 година во тираж од 2000 примерока во висока колор технологија. 70% од тиражот се дистрибуира до претплатниците, а 30% се дистрибуира преку МПМ во слободна продажба на сите поголеми продажни места низ Македонија. За дополнителни прашања Ве молиме да се обратите на редакцијата на GlobalHR™. |
||
|
||
| Страница 1 од 3 |