Имено, држењето до соодветни манири од секогаш се смета за учтиво во соодветни социјални ситуации, но кога зборуваме за деловните трансакции, прикажувањето на соодветен код на однесување е од витална важност, од причина што една единствена грешка или несоодветност може да ве чини пари и да ви ги уништи потенцијалните деловни односи.
Познавање на соодветно бизнис однесување, како и обичаите за земјата во која се наоѓа вашиот потенцијален клиент или партнер е клуч за успехот на вашата бизнис трансакција. Со следењето на почитувани и временско-прецизни деловни манири и традиции, вие ќе можете ефективно да го демострирате вашиот интелект и класа, воедно докажувајќи му на странскиот деловен партнер дека вие сте вредни и дека го заслужувате нивното внимание, почит и најважно, нивниот бизнис.Генерални совети:
Со цел да се покаже почит за вашите странски колеги и вашата подготвеност да остварите соработка со нив, задолжително вклучите превод на вашите контакти на задната страна на вашата бизнис картичка.
Овозможете превод на сите документи кои се поврзани со соработката. Овој екстра чекор ќе го нагласи вашето внимание кон детaлите и ќе основа чиста комуникациска врска во сите понатамошни зделки
Доведете преведувач кога се среќавате со странски колега за прв пат, иако тоа не е потребно за секоја бизнис зделка. Во текот на оваа средба, оценете го разговорниот англиски на вашиот партнер и прашајте го дали би сакал присутност на преведувач во наредни средби. Присуството на преведувач може да помогне да се избегнат можни комуникациски недоразбирања кои потоа лесно можат да ги саботираат деловните врски уште пред да започнат.
Арапски деловен кодекс на однесување
На почетокот на средбата, наместо да кажете „здраво“ или „добро утро“, поздравете го вашиот арапски партнер со традционален исламски поздрав „Асаламо алаикум“ што во превод значи „Нека е мир со тебе и Господ да те благослови“. Кога планирате состанок, земете ги предвид исламските принципи и културна вредносна структура. Со создавањето и придржувањето кон агендата, вие освен што ја покажувата вашата организација и деловна способност, туку и соодветно знаење и почит кон арапското деловно однесување. Во време кога избирате ресторан, почитувајте ги исламските нутритивни правила. Вашите исламски колеги можно е да не јадат свинско месо, пилешко месо или риба, затоа бидете сигурни дека има довлно голем избор на вегетаријанска храна.
Ценети вредности во арапските земји
Конзистентост (наместо промена)
Лојалност
Предвивливост (наместо ризик)
Почит кон авторитет
Совети за специфични арапски земји
Бахраин:
Насмевката и директно гледање во очи се од есенцијална важност за соодветно деловно однесување во оваа земја
Не се изненадувајте ако вашиот бахреински колега ви даде или очекува бакнеж на образ откако се поздравил со вас!
Саудиска Арабија:
Секој странец мора да обезбеди офцијална владина дозвола пред влезе и излезе од оваа земја
Странците (пред се од запад) се подложни на саудискиот исламски закон кој забранува користење на алкохол, дрога, порнографија и свинско.
Обединети Арапски Емирати (заедно со Дубаи):
Лобијата во големите хотели се преферирани локации за бизнис средби, бидејќи овие простории го намалуваат невниманието и имаат лесен пристап до освежителни пијалоци.
Совети за паметење:
Избегнувајте храна која е забранета во исламските обичаи.
Воздржете се од пушење цигари, пиење алкохол и конзумирање производи кои содржат кофеин во текот на состаноците.
Јапонски деловен кодекс на однесување
Јапонски деловен кодекс на однесување при состаноци
Избегнувајте користење на груб јазик, воздржете се од конфронтации и од отворени несогласувања со вашиот јапонски колега. Јапонците ги ценат договорните деловни партнери кои себе си се претставуваат како едноставни и секогаш спремни за компромис. Исто така, бидете подготвени да одговорете директни прашања како на пример „колку пари заработувате?“ или „колку години имате?“. Во Јапонија, овие прашања не се сметаат за навредливи и тие се начин на на кој вашиот колега подобро ве запознава. Правилно е да се разменат бизнис картички на почетокот од средбата и бидете сигурни дека внимателно и со почит сте ги прочитале нивните картички пред да ги ставете настрана. Исто така обичајно правило е благо да се наведнете кога ги разменувате картичките.
Дали знаевте?
Јапонија е втора по големина економија во светот
Околу 130 милиони луѓе говорат јапонски јазик, правејќи го јапонскиот јазик девети најкористен јазик.
Јапонците се третата најголема јазична група на интернет корисници
Совети за патување:
Автобус:
Реалтивно евтин превоз
Може да ви одземе многу време поради големиот број на застанувања
Такси:
Најбезбеден избор кога патувате ноќе
Одговорен и брз превоз, но може да е скапо
Изнајмување автомобил:
Мора да поседувате интернационална возачка дозвола и да соодвествува со локалните патни и возни регулации
Воз:
Ефтин и корисен начин за патување во цела Јапонија
Голем избор на дестинации, нуди различни цени во зависност од брзината на патувањето
Авион:
Кога летате до Јапонија, најчести дестинации се аеродродмите Нарита во Токио и Кансаи во Осака
Совети:
Донесете ваши колеги на бизнис состаноците кои можат да ви помогнат во одговарањето на многуте прашања кои вашите јапонски колеги можат да ги постават.
Не се изненадувајте ако вашите јапонските колеги наеднаш станат тивки и ги затворат своите очи. Ова е знак дека тие критички размислуваат.
Германски деловен кодекс на однесување
Имајте на ум дека германскиот бизнис кодекс на однесување е построг и различен од тој во САД и во другите европски земји. На колегите обраќајте им се по презиме или по титула се додека не ви речат дека смеете да им се обратите по име. Доаѓањето навреме е многу важно, па затоа не смеете да доцните. Формално пишувајте ги одлуките и белешките од состаноци и споделете ги со вашите колеги. Секогаш чукајте пред да влезете и дозволете им оние на повисока позиција од вас да влезат први. Кога маж и жена имаат еднаков статус, прв влегува мажот. Исто така, не седнувајте додека не ви кажат.
Дали знаевте?
Германскиот е најраспространет јазик во Европа.
Две третини од сите саеми за меѓународна трговија се одржуваат во Германија.
Од 2008 Германија е светски лидер кога се работи за извозот.
Совети:
Избегнувајте преувеличување и разговарање под притисок.
Облечете се конзервативно и со малку модни додатоци.
Кога зборувате или слушате, гледајате го соговорникот во очи.
Избегнувајте да ги продолжувате состаноците повеќе од колку што било планирано.
Германија
Ракувајте се пред и по завршувањето на состанокот, стисокот нека ви биде цврст и ракувајте се со сите во просторијата.
Австрија
Подгответе се за обемна писмена комуникација.
Лихтенштајн
Избегнувајте планирање состаноци за време на одморите (јули и август) или за време на празници, особено Велигден и седмицата после Божиќ.
Повеќето деловни состаноци се одржуваат за време на ручекот.
Ако сте поканети на состнок во нечиј дом, соодветно е да понесете мал подарок, цвеќиња или негермански пијалок.
Број 16/јуни 2010





